Невремето што ја зафати вчера Македонија локално се интензивираше, особено во струмичкиот, радовишкиот и гевгелискиот регион, па Радарските центри од Ѓуриште и Тополчани беа приморани да интервенираат со противградобојни ракети за да се смири невремето.
Во Гевгелија наврнале 29 литри дожд на метар квадратен, а во Тополчани 15 литри, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.Нестабилното време проследено со силен пороен дожд, електрични празнења, засилен до силен ветер и град, продолжи и вечерта во северните и централните делови на државата.
Скопје и околината вчера вечер беа погодени од силно невреме, а во некои села близу главниот град врнеше гард со големина на јајце, од кој настрадаа и штрковите во некои села. Најлошо минале селата Катланово, Блаце, Петровец и Ржаничино.
Градот предизвика голема штета, го уништил родот, а искршени се и прозорци и кровови на куќите. Од градот кој бил со големина на јајце во скопското село Ржаничино настрадале штрковите. Жителите велат дека штетата е голема и дека денес ќе ја пријават во налдежните институции.
За невремето во околината на Скопје може да го погледнете следниот видео запис.
http://www.youtube.com/watch?v=Yss8wI7CHLI&feature=player_embeddedЕве ја седумдневната прогноза за Македонија, која е преземена од
http://www.facebook.com/vremenskaprognoza.mkПретходните десетина дена Македонија и Балканот беа зафатени од топлотен бран од Северна Африка. Со оглед на тоа имавме температури близку до 40 степени. Наредните денови малку ќе уживаме во претстојното освежување, а потопа - нов топлотен бран од југ.
Утре (понеделник) времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде умерено нестабилно проследено со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Доцна попладне ќе започне да дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре ќе се движи од 27 до 35 степени.
Во вторник ќе се спушти свежа воздушна маса од север. Времето ќе биде сончево со умерена облачност во попладневните часови, но ветровито. Ќе дува умерен, а повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде пониска за 7 - 8 степени и ќе се движи од 24 до 32 степени.
Во среда времето ќе биде сончево и СВЕЖО. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 28 степени.
Во четврток северните ветер ќе прекине да дува, а дневната температура ќе биде повисока. Имено времето ќе биде сончево и ТОПЛО. Максималната температура ќе се движи од 27 до 34 степени.
Од петок Македонија постепено ќе потпаѓа под нов топлотен бран од југ, кој ќе потрае подолго време и ќе придонесе за сончево, суво и многу топло време.
Во петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури од 30 до 36 степени.
За време на викендот времето ќе биде сончево и многу топло со висок УВ индекс. Температурата ќе се движи од 30 до 38 степени.